3.8 C
Skopje
Tuesday, November 26, 2024

📽️ ОВОЈ ЧОВЕК Е МАШИНА ЗА ПРАВАЊЕ ПАРИ! Роналдо отвори канал на Јутјуб и собори рекорд за 90 минути! Го очекува огромна заработка

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо (39) брзо стигна до еден милион претплатници на Јутјуб, со што по којзнае кој пат докажа дека е еден од најпопуларните луѓе во светот.

Славниот португалски фудбалер во средата го лансираше својот официјален канал на Јутјуб и за само 90 минути доби над милион следбеници, поставувајќи нов рекорд на оваа платформа за најбрзо зголемување до милион!

Роналдо, кој моментално игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, на својот Инстаграм профил ја објави веста за лансирање на канал на Јутјуб, кој го следат дури 636 милиони луѓе, па не е чудно за хистеријата што следеше по таа најава.

Идолот на момчињата ширум светот ја овековечи радоста на своето семејство, особено на своите наследници, откако им ја покажа златната плакета што ја доби поради извонредниот успех.

Верувале или не, само 24 часа по лансирањето, каналот на Роналдо имаше над 12 милиони претплатници! Кристијано ја демонстрираше силата, докажувајќи дека со право го носи епитетот на фудбалска икона.

Крстијано моментално има околу 21 милиони претплатници и нема сомнеж дека трендот на раст ќе продолжи.

Секако, милиони прегледи ќе му донесат огромни пари!

Португалецот има за цел да добие 400 милиони прегледи на своите видеа, со што само од Јутјуб може да заработи од три до пет милиони долари месечно.

Неговата прва епизода со неговата избраничка Џорџина веќе надмина 15 милиони прегледи и собра над 120 илјади коментари.

Кристијано на својот канал ќе објавува детали од приватниот живот, ќе носи специјални гости и ќе прави интервјуа со нив, а чести актери ќе бидат членови на неговото семејство – неговата избраничка Џорџина и децата.

Покрај споменатата популарност на Инстаграм, Португалецот на Фејсбук го следат 170 милиони луѓе, а на социјалната мрежа Х (порано позната како Твитер) 112,6 милиони.

поврзани објави

Последни објави