17.8 C
Skopje
Monday, September 16, 2024

Николоски: За пруга кон Бугарија е избрана најтешка траса, со 2 тунели под град, за да се напумпа цената!

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за недлникот „Фокус“ се осврна на прашањето за пругата кон Бугарија. Тој тврди дека, исто како и со автопатот кон Блаце, била избрана најтешката траса, со цел, како што вели, да се напумпа цената. Според него, треба да се изгради и оваа пруга од коридорот 8 на порационален начин, но истовремено најавува дека за период од 7 години можно е да се изгради и брза пруга по коридорот 10, по која би биле наредени економски зони како лего коцки.

Случајот има неколку елементи. Првиот и клучен елемент е предвидената цена на чинење. Тоа е 24 милиони евра по километар.

Само за илустрација, цена на чинење на брза пруга било каде во Европа со 200 километри на час е 4 до 10 милиони евра, зависно од теренот. Овде за пруга која ќе оди со 60 километри на час е 24 милиони евра.

Слично како со Блаце, избрана е најтешката траса. Не знам дали знае јавноста, но единствен начин да се изгради третата делница е само преку пруга како на каубојските филмови. Толку теренот е планински и лош, па само преку пруга може да се носат материјали, работници. Камион не може да пристапи. Невидена работа!

Логичното прашање до моите претходници е зошто тоа е така проектирано? Зошто покрај тунел кој завршува никаде проектирани се 2 тунели под Крива Паланка? Тоа ни Швајцарија не го прави. Јас се сметам за прошетан човек, но никаде во Европа и светот не сум видел да се градат тунели под градови. Има покрај градови, низ планини, но под градови нема, вели Николоски.

поврзани објави

Последни објави