3.8 C
Skopje
Saturday, December 21, 2024

Ноќ која скопјани долго ќе ја паметат: 15.000 граѓани сплотено уживаа во Гази Баба

Вчеравечер во одлична атмосфера на плоштадот во Автокоманда се оддржа манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба” во организација на општина Гази Баба.

Настанот го одбележа музичка програма која траеше повеќе од шест часа, а во која учествуваа балканските музички ѕвезди Хари Мата Хари и Амадеус бенд, а од македонската естрада граѓаните имаа можност да уживаат во настапите на ДНК, Таско, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски и Гоце Пејковски.

Манифестацијата со свое обраќање ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој истакна дека ова е за прв пат на манифестација организирана од општината да настапат покрај македонски и балкански музички ѕвезди и даде ветување дека следната година овој настан ќе има уште поголеми димензии.

https://www.facebook.com/StefkovskiB/posts/560640723014514?ref=embed_post

поврзани објави

Последни објави