6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бујар Османи објасни за што заседава ДУИ

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи објасни дека се разгледуваат две точки од Централниот Одбор на партијата, не е за очекување во брзо време да има одлука, поради што им посочи на новинарите дека можат и да заминат.

„Одредени аргументи се дека и при оставка, министрите треба да останат на должноста до новата влада, но и дека ќе се деблокира состојбата. Втората точка се локалните избори, според Уставот мандатот на градоначалниците се 4 години, следната недела настапуваат точно 4 години и ќе настане правен вакум. ДУИ разгледува што со градоначалниците во тој правен вакум како и да се разгледаат кои се кандидатите за наредните избори“, рече Османи.

Според Османи, и меѓу правниците, и во рамки на партиите постои мислење дека евентуално напуштање на позициите ќе ја деблкира состојбата.

„Доколку изглегување од институциите ќе помогне во деблокирање на состојбите, ДУИ ќе донесе таква одлука. ДУИ има повеќе од една третина министри во владата, оставката на една третина е паѓање на влада, но и паѓање на влада значи останување до нова влада“, рече Османи.

Тој кажа дека ДУИ не сака нови избори, ги разгледува само сите опции кои експертите ги укажуваат дека се можни за деблокада на политичката состојба.

поврзани објави

Последни објави