6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Забележала дека ѝ исчезнувале пари од домот: Поставила скриена камера и го фатила разбојникот

39-годишната Саманта Робсон од Велика Британија и нејзиниот сопруг 38-годишниот Марк не можеле да откријат како е можно парите постојано да им исчезнуваат од дома.

За да ја открие причината, Саманта поставила камера во дневната соба и го фатила крадецот.

Се испоставило дека парите, вкупно 2.000 фунти ги земала нејзината најдобра другарка која живее недалеку од неа и на која ѝ ги доверила клучевите од својот дом.

Близината ги спила Саманта и Тања Селарс која повремено се грижела за персиските мачки на својата „пријателка“.

-Кога парите почнаа да исчезнуваат не мислев дека некој од дома ги зема, туку дека е некој од работа – рекла Саманта која ѝ се пожалила на пријателката, а таа ја советувала да ја напушти работата бидејќи не може да работи со „потенцијални крадци“.

Кога вистината испливала на површина, Саманта доживеала шок.

-Кога ги погледнавме снимките, го видов нејзиното лице на екранот и не можев да дишам. Гледавме како ги зема парите од паричникот на нашиот син и ми се слоши – рекла Саманта.

Тања Селарс во 2017 била приведена поради кражба.

поврзани објави

Последни објави