4.8 C
Skopje
Thursday, December 26, 2024

НЕ КОМЕНТИРАМ СУДСКИ ОДЛУКИ Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да ги коментира случаите со најавената амнестија за организаторите во настаните од 27 април и случајот со злоупотреба на пари во „Државна лотарија“.

Омега 3 – Допелхерц е водечки германски бренд. Го има низ цела Европа и е многу препознатлив. Омега 3 ја имаат многу компании, но ние се разликуваме навистина по квалитетот, кај срцеви заболувања, кај сите состојби на регулирање на маснотии и холестерол и регулирање на крвен притисок. Иновативен препарат за кардиоваскуларен систем.

– Тоа е судска одлука. Јас не би имал што да додадам, што да коментирам. Се сеќавате и во текот на расправата и во текот на претресот имаше контроверзни изјави од многумина од учесниците во овој процес така што јас би се воздржал од каков било дополнителен коментар – рече премиерот Мицкоски, кој беше на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода.

Премиерот не сакаше да зборува за случајот со Државна лотарија, но кажа дека биле злоупотребени многу повеќе од осум милиони евра. Прашан дали со тие пари биле вложувани во криптовалути рече дека не би сакал да зборува ништо што е поврзана со истрагата.

поврзани објави

Последни објави