1.ПОГЛЕД.МК: Градоначалник, споменувате дека сте реализирале повеќе од 250 проекти во последните три години. Кои три проекти ги сметате за најзначајни за животот на граѓаните на Македонска Каменица?
Одговор: Најзначајни проекти, според мене, се:
Изградбата на новиот спортски комплекс, кој стана еден од најубавите во Македонија.
Регулацијата на долното течение на реката Каменичка и осветлувањето на градскиот кеј, што го направи просторот идеален за спорт и рекреација.
Изградбата на нова водоводна и канализациона инфраструктура во повеќе рурални средини, со што значително се подобрија условите за живот во селата.
2. ПОГЛЕД.МК: Велите дека Македонска Каменица е синоним за урбана средина и најзелен град во државата. Што конкретно е направено за одржување на еколошкиот статус на градот?
Одговор: Презедовме неколку чекори:
Поставивме нова урбана опрема и создадовме простор за спорт и рекреација долж кејот на реката.
Изградивме нова кула за рана детекција на пожари, со што го заштитуваме шумскиот фонд.
Поставивме фотоволтаични системи на повеќе јавни објекти, со што ја намалуваме зависноста од традиционалните енергетски извори.
3. ПОГЛЕД.МК: Рековте дека инвестициите во образованието се рекордни. Што конкретно е направено за подобрување на условите во училиштата и градинките?
Одговор:
Во градинката „Бамби“ набавивме нова опрема, климатизери и реновиравме тоалети и кујната.
Во основното училиште заменивме целата внатрешна столарија, поставивме смарт табли и инвертер клими, а училиштето е комплетно обелено.
Средното училиште доби нови лаптопи, интерактивни панели, мебел и медијатека.
4. ПОГЛЕД.МК: Инфраструктурата во руралните средини е спомната како приоритет. Колку од тие ветувања се реализирани досега?
Одговор:
Асфалтирани се патишта до повеќе маала, како Буќерска, Албанци и Чобанска маала.
Изградени се нови водоводи и канализациски мрежи во Моштица, Луковица, Саса и други села.
Завршена е и новата филтер станица за село Дулица и Стара Каменица.
5. ПОГЛЕД.МК: Што е планирано за иднината, особено за младите?
Одговор: Наш приоритет ќе биде:
Реконструкција и модернизација на градскиот базен.
Поддршка за проекти кои ќе создадат можности за младите, како и нови содржини во образовните и спортските институции.
Продолжување на енергетската ефикасност и проекти за визуелно подобрување на градот.
6. ПОГЛЕД.МК: Како планирате да ја подобрите здравствената инфраструктура во општината?
Одговор: Планираме реконструкција на Здравниот дом, набавка на нова медицинска опрема и возила, како и дополнителна поддршка за Здравствената станица во градот.
7. ПОГЛЕД.МК: Градоначалник, што е она што ве. мотивира да ја работите оваа работа која реално гледано, не е воопшто за потценување со оглед на огромниот број на проблемите кои секојдневно ги мачат граѓаните, посебно на помалите населени места во Македонија?