5.8 C
Skopje
Monday, April 7, 2025

Слаткаристика: Знам само еден Бетмен, јас сум уметник, не политичар!

Во македонската јавност се развива нова полемика, овојпат меѓу познатиот рапер Марко Маринковиќ – „Слаткаристика“ и шоуменот Богдан Илиевски – „Бетмен“.

Слаткаристика кратко реагираше на ставот на Илиевски, потенцирајќи дека тој не се занимава со политика и дека не сака да биде вовлечен во никакви политички преписки.

Во неговата реакција за ПОГЛЕД МК, раперот децидно изјави дека познава само еден „Бетмен“, алудирајќи на популарниот суперхерој, а не на колумнистот и новинар кој го носи истиот прекар.

„Не ме засега преписката во јавноста, ниту сакам да се мешам во политичката кујна на македонската сцена. Моето внимание е насочено кон музиката и уметноста, а не кон политичките препукувања … имам песна по име „Бетмен“, ако ја слушнете ќе дознаете за што станува збор. Слушнав дека извесен Богдан се има пронајдено во некој од стиховите на мојата последната песна, но ако тоа е така, тогаш тој е во заблуда. Можам да кажам дека песната не е посветена, едноставно е одлика на мојот стил на изразување. Реално, не ми е битно кој стои зад загревањето на страстите, ниту ме интересира. Може да пишуваат за мене што сакаат, но јас не сум дел од било каква политичка игра. Едноставно, не ме интересираат преписките на социјалкните мрежи, можам само да кажам дека имам нов сингл – Еуфорија, кој топло го препорачувам на публиката“, вели Слаткар.

Додека популарниот музичар се брани дека не е дел од никакви политички игри, отфрлајќи ги наводите за вмешаност во пропагандни кампањи, „Бетмен“ во интервју за ПОГЛЕД.МК без двоумење истакна дека пејачот дека сè уште користи „комуњарска пропаганда“.

Целото интервју на Богдан Илиевски може да го проследите на следниот линк ТУКА

поврзани објави

Последни објави