6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ДОМ: Стратегија за климатски промени без политичка волја не е доволна

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) соопшти дека ја поздравува денеска промовираната стратегија за климатски промени и апликацијата за зелен катастар на Град Скопје, но, како што посочува, таа не е доволна без политичка волја.

„Добро е што е направена стратешка и информатичка рамка за овие активности. Но, Стратегија за климатски промени, без политичка волја, не е доволна. За да се намали емисијата на стакленички гасови, треба да се промени урбаното планирање и градење објекти, снабдувањето со енергија и транспортот. За овие цели треба да се сменат редица закони и да се намени соодветен буџет за нивно спроведување. А за сето тоа е неопходна политичка волја и еколошка свест, кои се најдефицитарни категории“, наведува ДОМ.

Партијата посочува дека ќе инсистира и следната влада да донесе пакет закони од областа на урбанизмот како што се закон за урбано зеленило, нови закони за урбано планирање и за градење, како и закони за градски архитект…..

„Понатаму, да се внесе зелената економија без фосилни горива, а со сончева и други видови обновлива енергија; со енергетска ефикасност во сите процеси; со современ третман на отпадот базиран на миниум продукција и максимум реупотреба (принципот „нула-отпад“); со одржлив туризам и одржливо производство на храна. Конечно, да имаме здрава животна средина преку цел систем од мерки за заштита на воздухот, водите и почвите, со ремедијација на последниве, за што бараме носење на закон за почви“, се вели во соопштението.

поврзани објави

Последни објави