9.8 C
Skopje
недела, октомври 26, 2025
spot_img

Телефонски разговор на премиерот Мицкоски со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник

spot_img

Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник – пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје.

Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.

Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.

Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји.

поврзани објави

         

Последни објави