3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Груевски: Поддршката за македонскиот спорт останува наш приоритет

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, се огласи на социјалнате мрежи и потсети за напорите на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, за средствата и инвестициите за развивање на спортот во државата.

Неговото излагање го пренесуваме интегрално:

Поддршката за македонскиот спорт останува наш приоритет. И покрај сите предизвици со кој се соочувавме во изминатиот период, а водејќи се според начелото дека дадениот збор не смее и не е заборавен, се работеше на реализација на мерките за поттик и развој на спортот и македонските спортисти. И она што е ветено е остварено.
Од 1-ви јануари стапија на сила измените и дополнувањата во Законот за спорт и Законот за данокот на добивка кои беа донесени на последната собраниска седница одржана минатиот октомври, со кои се дава можност на секоја компанија да финансира во спортски федерации, Македонскиот Олимписки комитет, спортски клубови и индивидуални спортисти за што ќе добие ослободување од данокот на добивка. Ова значи повеќе средства за инвестиции и развивање на спортот во државата.

Оваа мерка е нешто што македонскиот спорт го чекаше цели 25 години. Имено, на даночниот обврзник (компанијата) кој донирал финансиски средства на спортски федерации и Македонскиот Олимписки комитет кои се уплатени на посебна наменска сметка, ќе му се намали пресметаниот износ на дадената донација, но најмногу до 40% од пресметаниот данок.

На обврзникот кој донирал финансиски средства на фудбалски клубови кои се уплатени на посебна наменска сметка, му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација, но најмногу до 50% од пресметаниот данок. На обврзникот кој донирал финансиски средства на кошаркарски или ракометни клубови кои се уплатени на посебна наменска сметка, му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација, но најмногу до 40% од пресметаниот данок.

Доколку инвестира во други спортски клубови во спортови во кои има организирана лига, на компанијата ќе и се намали пресметаниот данок за износот на дадената донација, но најмногу до 35% од пресметаниот данок. Во спортовите во кои нема организирана лига, ќе може да се поддржат спортски клубови, за кои на обврзникот му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација, но најмногу до 5% од пресметаниот данок. За да го користат ова право клубовите ќе мора да имаат регистрирана и активна младинска школа што ќе значи дополнителен поттик ваквиот тип на школи да се развиваат и поддржат.

Бенефиции ќе имаат и индивидуалните спортисти. Имено, на обврзникот кој донирал финансиски средства на активни спортисти од олимписките спортови и кои таквиот статус го стекнуваат според услови и критериуми пропишани во Законот за спортот, кои средства се уплатени на посебна наменска сметка, му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација, но најмногу до износот од 10% од пресметаниот данок. Кај неолимписките спортови, ослободувањето ќе биде до 5 %. Ова ќе значи директно откажување на државата од приливот на дел од средствата од данок на добивка во буџетот, во корист на спортот, клубовите, федерациите и врвниот спорт.

Дополнително, започна со реализација и проектот за зголемена поддршка од државата за спортските федерации. Имено, откако стапија на сила измените во Законот за игрите на среќа и другите забавни игри, Агенцијата за млади и спорт ги донесе подзаконските акти со кои ќе може да се операционализира оваа мерка за дополнителна финансиска помош на спортските федерации од зафаќањата во игрите на среќа. Од пред 2 месеци на посебна сметка на Агенцијата за млади и спорт веќе се слеваат финансиски средства во висина од 3% од добивката од обложувалниците и 1.5% од добивката од сите автомат-клубови во земјава. Овие средства ќе се трансферираат на спортските федерации и МОК, а меѓу првите кои ќе видат корист од оваа државна помош е Македонската ракометна репрезентација чиј настап на Светското првенство во Франција ќе биде покриено со овие средства на АМС во висина од 6 милиони денари кои што беа побарани од Агенцијата.

Нека е аирлија!

поврзани објави

Последни објави