4.8 C
Skopje
среда, ноември 12, 2025

Граѓани со јавна поддршка за д-р Ненад Цоневски: „Човечноста се покажува кога некој ненамерно направил грешка

Граѓани со јавна поддршка за д-р Ненад Цоневски: „Човечноста се покажува кога некој ненамерно направил грешка“

Ние, група на граѓани за поддршка на Д-р Ненад Цоневски и сакаме јавно да ја изразиме нашата морална поддршка за докторот Ненад Цоневски – наш сограѓанин кој е млад и перспективен човек, а кој неодамна ненамерно згазил улично куче во Бугарија — несреќен настан што може да му се случи на секој возач. Сметаме дека е неправедно овој несреќен случај да се користи за јавна осуда и навреди кон еден човек кој својата кариера и живот ги посветил на помагање на другите. Доктор Ненад Цоневски е првенец на својата генерација, завршил медицински факултет со исклучителен успех и моментално специјализира хирургија. Познат е по својата посветеност, хуманост и скромност“ се вели меѓу другото во писмото испратено од Група за поддршка на д-р Цоневски кој е мета на линч од одредена група во Бугарија.

Во писмото уште се вели дека „во најтешките моменти, како што беше трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, тој беше меѓу првите кои понудија помош —од транспортот на повредените на аеродром до давање медицински информации на семејствата, а донираше и крв и финансиски средства за повредените македонски деца низ цела Бугарија. Иако имаше значаен придонес, од своја скромност никогаш не побара јавно признание.

Затоа апелираме до македонската јавност да се воздржи од осуди и навреди и да се потсетиме дека човечноста се покажува токму во моменти кога некој ненамерно направил грешка.

Доктор Ненад Цоневски останува добар, чесен и совесен млад човек кој заслужува поддршка, а не осуда“.

Дел и од бугарските јавни личности даваат поддршка на д-р Цоневски притоа прикажувајќи ја фактичката состојба за случката, според она што сите го видоа на снимката од безбедносните камери:

поврзани објави

Последни објави