17.8 C
Skopje
петок, ноември 14, 2025

„За мене Делчево беше Златко, а тоа е нешто прекрасно“ – Решат Амети со искрен поздрав до директорот на НЦУК

На отворањето на изложбата „Пробив на светлина“, која се одржа вчера во Делчево, академскиот сликар Решат Амети одржа емотивен и инспиративен воведен говор во кој посебно го истакна директорот на НЦУК „Никола Јонков Вапцаров“, Златко — човекот преку кој, како што рече, ја почувствувал душата на Делчево.

„За мене Делчево беше Златко, а тоа е нешто прекрасно, како злато. Кога доаѓав накај Делчево, имаше сонце, а тоа беше како златна светлина, а си реков тоа се врзува со името на Златко. Делчево има злато во себе, душа во себе. Него никогаш не можам да го одбијам за соработка,“ истакна Амети, нагласувајќи ја важната улога на директорот во создавањето на овој културен настан.

Амети зборуваше и за своето творештво, исполнето со философско-интелектуален набој, суптилна експресија и длабока духовна енергија. Како централни точки ги истакна геометријата како праформа, светлината како симбол на животот, лириката во гестот и традицијата како суштински белег на личната идентификација.

Со ова, Делчево уште еднаш се претстави како град што ја негува културата, а директорот Златко — како човек кој умее да ги препознае и поддржи вредните уметници, внесувајќи „златна светлина“ во културниот живот на градот.

поврзани објави

Последни објави