Дојавата за подметната бомба на аеродромот Никола Тесла во Белград беше лажна, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Како што јави ТАНЈУГ, по полициската проверка на аеродромот утврдено е дека дојавата е лажна.
За време на полициската проверка авиосообраќајот на белградскиот аеродром се одвиваше нормално, по утврден ред на летање.