По една година од почетокот на протестите од страна на „Шарената револуција“, изречени се казните демолирањето на канцеларијата на претседателот Иванов, за која пак е распишан тендер за реновирање.
Тендерот е распишан, а проценетата вредност на градежните работи изнесува 5.000 евра, многу помалку од штетата која ја пресмета Бирото за судски вештачења, кои утврдија дека штетата изнесува 8.500 евра.
Канцеларијата на Иванов беше првиот ишаран објект од страна на Шарената револуција, откако претходно претседателот донесе аболиција за политичарите.
Народната канцеларија на претседателот во Скопје е отворена по иницијатива на Ѓорѓе Иванов во 2010. година, со цел да биде полесно во контакт со граѓанскиот сектор.