„Шекеринска лаже како Заев. Шекеринска потсвесно ги кажува своите стравови и стравовите на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Секој криминалец, па и Заев и Шекеринска, сонува само за едно нешто, а тоа е да не одговара за своите криминално сторени дела.
Kолку и да испраќа потсвесни пораки за амнестија, ниту таа, ниту Шилегов, ниту Заев смеат да бидат амнестирани за криминалите кои ги сториле.
Шекеринска залудно се надева дека може и таа и Шилегов и останатите членови на криминогеното раководство на СДС да бидат аболицирани како Заев. Залудно му завидуваат на Заев за двете аболиции, првата подарена од Црвенковски за криминалот во Глобал и втората од Катица Јанева за криминалот во случајот „Пуч“. Сега народот бара одговорност, а одговорност ќе има.
Одговорност ќе има и за исплаќаните кирии и за скапите јахти, бонбона бизнисот и раскрчмувањето на државните интереси.
Криминалците од СДС се во пакт со нарко-мафијата и сите кои го оспоруваат Македонскиот идентитет. Со такви луѓе не можело и не може да се дојде до какво било решение кое е позитивно за државата и граѓаните. Единствено решение се нови парламентарни избори и почитување на волјата на народот од која што СДС се плаши.
Затоа Македонија се буди!
Затоа народот е на нозе“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.