Водачот на познатата терористичка мрежа Ал Каеда, Ајман ал Завахири го обвини својот ривал Абу Бакр ал Багдади, кој е лидер на „Исламската држава“ дека дека манипулира за неговата џихадистичка активност на неговата организација, пренесува американскиот центар за набљудување на исламистичките сајтови „SITE“.
Според снимката која центарот ја превел на англиски, Завахири упатува апел до џихадистите на прво место на нивните напади да бидат САД и нивните сојузници. Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, која беше формирана од Осама Бин Ладен, изјави дека се води кампања на искривување на фактите и заплашување, „во која за жал учествува Ибрахим ал Бадри (Абу Бакр ал Багдади)“, пишува агенцијата.
„Тој шири лаги за нас, тврдејќи дека не ја отфрламе тиранијата, дека го подржуваме соборениот египетски претседател Мохамед Морси, и дека би ги повикале христијаните да бидат наши сојузници“, изјавил Завахири.
Завахири ги отфрли обвинувањата на Ал Багдади дека неговата организација не се бори против муслиманските шиити.
„Во еден од говорите дадов писмена наредба да се напаѓаат воените сили, полицијата и безбедносните сили на Ирак, кои се претежно шиити, како и шиитските милиции“, додаде ал Завахири.