Европскиот парламент почнува постапка за одземање имунитетот на Марин Ле Пен. Таа е осомничена за злоупотреба на пари од европските фондови, објавија извори од Бюрксел.
Постапката е почната на барање на француски судии, кои испитуваат дали Ле Пен ги плаќала незаконски со европски средства своите соработници. Сепак веројатноста таа да се појави во Европарламентот за сослушување пред вториот круг во Франција на 7 мај, е занемарлива.
Победникот во првиот круг – Емануел Макрон, повторно ја нападна Ле Пен со критиката дека таа пропагира омраза и изолационизам, кои можат да и наштетат на француската економија.