Македонското друштво „Илинден“, со седиште во Тирана упати честитка до новоизбранот претседател на Република Албанија, Илир Мета.
– Почитуван претседателе, дозволете ми од името на Македонско друштво „Илинден” и од мое лично име, да ви ја честитам функцијата претседател на Република Албанија. По дадената доверба од Парламентот на Република Албанја да ја предводите државата во следните пет години, веруваме дека ќе бидете претседател на сите граѓани без разлика на етничката припадност, стои во соопштенето, потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.
Во исто време, се наведува во соопштението, очекуваме дека заедно со новата влада, што ќе се формира по изборите на 18 јуни, ќе работите на подобрувањето на правата на македонското малцнство, чии претставници секогаш биле лојални граѓани.