Одговарајќи на новинарски прашања Петре Шилегов денес изјави дека со тоа што Груевски можел да комуницира со Чавков, а Нухиу не можел да го добие, укажува на тоа дека токму лидерот на ВМРО-ДПМНЕ стои зад насилството.
Како ги коментирате изјавите на Никола Груевски дека полицијата постапувала по сите стандарди и дека, цитирам, „да сакале да го убијат Зоран Заев“, тоа ќе го направеле?
Фактот дека Никола Груевски е единствениот којшто можел да го добие Митко Чавков во моменти кога никој во оваа држава не можеше да го добие, фактот дека тој добро опишува како може да биде извршено убиство, говори само за тоа дека токму Никола Груевски стои зад овој инцидент.
Господине Шилегов, од страна на Обвинителството нема никакво конкретно дејство утврдено врз основа на снимките и разговорите со приведените лица за кои информираше МВР. Дали имате впечаток дека од страна на институциите се влечат овие случаи, во делот на документирањето на одговорноста?
Сега за сега, срамно е поведението и на МВР, меѓутоа и на државното Јавно обвинителство како најодговорна институција во овој момент. Во секој друг случај, и Вие и јавноста се сеќава, дека сите, или голем дел од лицата инволвирани во овој акт на насилство и тероризам во Собранието на Република Македонија, ќе беа и снимани и сликани и ќе им беше одредена мерка притвор од страна на судовите.