Две 16-годишни девојки се повредени вчера откако возилото марка „Фиат Пунто“ во кое се наоѓале, поради неприлагодена брзина, излетало од патот и неколку пати се превртело во нива.
Според МВР, несреќата се случила во 14:55 часот на патот Делчево – Полето во село Киселица, кај Пеловска маала. Со возилото управувал В.И. (21) од село Полето, Делчевско, кој во еден момент изгубил контрола.
Поради сериозноста на повредите, едно од девојчињата е префрлено воскопскиот Ургентен центар, додека другото е задржано на лекување во Клиничката болница – Штип.
Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица Делчево.