Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека милиони Европејци се надеваат на успехот на новиот претседател на Франција, Емануел Макрон.
“Макрон е носител на надежите на милиони француски граѓани, а исто така на многу Германци и Европејци”, изјави Меркел пред новинарите.
Таа додаде дека е многу задоволна од неговата победа.
„Тој води храбра и проевропска кампања и одлучно се залага за социјална пазарна економија“, додаде канцеларката.
Првата посета на Макрон како претседател ќе биде токму во Берлин, каде ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Бидејќи центристот Макрон не доаѓа од политичка партија, тој ќе мора да постигне рамнотежа меѓу левите и десните, сметаат експертите.