Американскиот претседател Доналд Трамп за време на телефонскиот разговор со филипинскиот колега Родриго Дутерте го нарекол севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун „лудак со нуклеарно оружје“ – наведува „Вашингтон пост“.
„Не смееме да дозволиме лудакот со нуклеарно оружје да биде на слобода. Имаме доволно моќ, повеќе од него, 20 пати повеќе од него, само што не сакаме тоа да го искористиме“ рекол Трамп.
Во истиот разговор Трамп го прашал Дутерте дали според него Кина има доволно контрола над севернокорејскиот диктатор.
„Да, на крајот Кина е нашиот последен адут – одговорил Дутерте.
Трамп потоа изразил надеж дека Кина ќе го реши проблемот, но предупредил дека „доколку тоа не го стори Пекинг, ќе мора да го направи Америка“.