Британската премиерка Тереза Меј денеска посети дел од ранетите при синоќешниот терористички напад во Лондон.
Како што јавија британските медиуми, Меј ја пости болницата „Кингс Колеџ“, каде се хоспитализирани 14 од 48-те ранети лица при нападот.
Британската Национална здравствена служба претходно соопшти дека 21 од ранетите при нападот се наоѓаат во критична состојба. Од вкупниот број ранети, 36 се хоспитализирани во пет болници, додека 12 по укажаната медицинска помош во текот на денот се пуштени на домашно лекување.