5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Заев: Од бетонските столбчиња може да се направат клупи за седење

Премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите рече дека владата мора да биде практично отворена, не да биде само за ден отворена за граѓаните или слично. „Тоа е влада на сите граѓани. Тоа е правено со народни пари, одлуките ќе ги носиме соодветно. Портите се отворени на владата, тоа веќе функционира. Мора да значиме што значи согласност законот за јавни набавки.“

Од бетонските столбчиња може да се направат клупи за седење, металните огради можат да бидат добар покривач на самите клупи, но да видиме што ќе кажат архитектите и инжинерите. Тоа е објект каде што граѓаните треба слободно да пристапат, слободно да комуницираат, да бараат информации, сугестии и да биде практично отворено и функционално за она што значи отворена Влада за граѓаните, рече Заев.

Оградата која чини околу 700 илјади евра беше поставена во септември 2015 година.

поврзани објави

Последни објави