ВМРО-Народна партија упатува безрезервна поддршка на иницијативата “Спас за Богданци“ за одржување референдум и е против отворање на комплексот рудници близу Општина Богданци.
Свесни за последиците што би произлегле од отворањето на ваквите рудници сметаме дека ниту луѓето кои живеат близу локалитетите ниту пак Македонија заслужуваат вакво разорување на природните богатства, а со тоа и поттикнување разни нарушувања на здравјето на луѓето кои живеат долж и околу предложените локалитети.
Затоа упатуваме повик до сите граѓани, во недела, што помасовно да излезат на референдумот и кажат НЕ, а притоа спречат еколошка и здравствена катастрофа од невидени размери.
Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци и сите населени места во Македонија заслужуваат чист воздух и здрава иднина, ние како жители и граѓани сме должни да ги почитуваме и застанеме во одбрана на овие два нераскинливи принципи.