6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Пломп: Меѓусоседските односи ќе бидат суштински за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО

Специјалното јавно обвинителство е исклучително важна институција за успехот на договорот од Пржино и надминување на политичката криза, и треба да му се дозволи да ја исполни улогата која му беше доделена, вели холандскиот амбасадор Ваутер Пломп во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Македонија и Грција се тие што треба да најдат решение. Но, мислам дека е во интерес на меѓународната заедница да помогне и да ги поддржи овие напори. Мислам дека новиот министер за надворешни работи направил план според кој првите земји кои ќе ги посети ќе бидат соседните земји, и мислам дека се работи за одлична иницијатива која ја заслужува поддршката на меѓународната заедница, бидејќи меѓусоседски односи ќе бидат суштински за доброто на Македонија, како и за приемот на земјата во ЕУ и НАТО.

Кога зборуваме за СЈО – се работи за институција која беше поддржана од сите четири политички партии кои учевствуваа во пржинскиот процес. Оттука, имајќи предвид дека институцијата очигледно е зафатена со својата работа и се уште не ја завршила, треба да и се дозволи да ја исполни важната улога која и беше доделена,“ вели Пломп.

поврзани објави

Последни објави