Пишува: Булеварко
Сега ја ќе дадам еден краток осврт кон сите оние кои во иднина сакаат да ја бранат и продаваат државата. Чинам ќе бидам објективен затоа што сеуште немам фотка со политичар и сеуште имам природна неугоднот од нивно присуство во моја близина. Никола Димитров замина во Атина а Заев во Софија, со цел да се скршат бариерите кои ги имаме со овие две држави и со цел, откочување на нашиот пат кон Евро-интеграција. Дипломатска активност каква сме немале изминативе деценија и кусур. За Аминта трети бригадите ова беше црвен аларм да се стават во јуриш и сервирање на лаги и пропаганди кога се ЕУ и НАТО во прашање. Конструкторите на Западен Балкан стандардите не можат да прескокнат од својот двор чунки ѕидот им е висок. Во нивниот двор видиците се до Белград, Бања Лука и Москва. Македонија е за нив земја која треба да живее на српската опашка и што подалеку од Брисел. Македонија е последното ткиво кое треба да се одвои од канџите на УДБА и токму тоа создава голема нервоза кај дежурните фацки за создавање НЕ у ЕУ расположение.
Димитров ќе го продавал името а Заев ќе го продавал Илинден. Тоа е новата бљуваница која му се сервира на своето хипнотизирано стадо кое сеуште верува во приказните дека сме потомци на Хунзите. Нашите Илинденци кои крвареле од двете страна на границата, од Вардарско до Одринско не се повод за заедничко обележување на светиот Илинден за двете држави. Повод беше Зебрењак, кога започна поделбата на Македонија и колежите на Србите по Тиквешко и Охридско. Ни збор за нашите борци за тие периоди од историјата. Ама селфи со Лазански Додиќ и токмакот во раце може.
Премногу е опасно за некои фацки Македонија да стане дел од Европа и тргањето на превезот од очите. Најубаво им е вака. Удбашката цицка е дарежлива за нив а во една нова Македонија, местото за нив би било на опашката. Со Гранд продукцијата и рефрените за тешки опинци со кои ја бранат Македонија. Колку треба да си неписмен…или слеп, да ја верглаш НЕ у ЕУ агендата, а 100 000 Македонци млади да ти имаат Бугарски пасош само за да се дел од таа ЕУ? Уште толку чекаат и уште толку аплицираат за бугарскиот пашапорт. Тоа е јадрото на македонското општество кое сака надвор од закоравените и самоизолирачки стандарди со кои гниевме овие 11 години.
За старците кои зобаат попара, се возат гага у бус и идат гага у бања, вака е супер. Им личи тоа на нивното Титово време кога се крчмеше трудот на работникот за неработниците да лапаат. На крај и нивната гага ќе ја плати некој студент, средношколец, зошто да не. Сигурно не оние од Аминта трети кои со кодошење, полтронсво и предавство на својата држава, сеуште им фрлаат песок во очите на луѓето! Ним европската агенда им е смртен непријател. Без да помислат на редиците наши сограѓани кои чекаат пред ДАБЧ-от во Софија, главниот град на ,,клетата” им Бугарија…