5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Лаком г’з

Финалето на Европскиот суперкуп во фудбал, како што е и планирано, ќе се одржи во главниот град на Македонија – Скопје. Нашиот главен град и Националната Арена „Филип втори“ ќе бидат домаќини на пресметката помеѓу европскиот првак и победникот во Лига Европа. Она што остави голем впечаток во самата подготвка на настанот кој е несекојдневен за Македонскиот СПОРТ, се и вртоглавите суми за сместување за суперкупот во Скопје. Цените во македонските хотели од 7-ми до 9-ти август се енормно скапи, а верните фанови кои ќе сакаат да дојдат во Македонија и да го проследат натпреварот во живо ќе помислат дека станува збор за најскапите градови во светот како што се Осака, Њујорк или во краен случај, Цирих кој го истисна Токио од првото место и стана најскапиот град во светот.

Хотелиерите во градот барат минимум три дена престој по цени кои се движат од 300 до 550 евра од ноќ, а негде можете да прочитате дека хотелска соба за двајца чини по 1500 евра. Жалното е што некои од овие хотели не исполнуваат критериуми за да се наречат Хотели со 4 ѕвезди. Високите цени на туристички услуги не само што нема да допринесат за привлекување на туристи, туку истите ќе ги бркаат домашните и странски туристи од земјата. Затоа, влогот е голем и треба да видиме какви ќе бидат придобивките, но и последиците од него.

Поради ваквиот однос на лакомото Македонче, најголемиот дел од 5. 500 фанови на Реал Мадрид ќе се сместеле во соседна Бугарија, во Софија, бидејќи таму цените биле попристапни.

Ова не е прв пат ние да прикажуваме лакомост. Истото го правиме и кога станува збор за летување во нашиот прекрасен Охрид, Дојран или на било кое друго туристичко место. Солените цени во Охрид ги бркаат туристите на море во соседна Бугарија и Грција каде што Македонецот може да пие пиво за 2,5 лева односно 80 денари или евро и 30 центи, нешто за кое во Охрид најниската цена е 90 денари. Луѓето сакаат да наплатат астрономска сума за мизерна услуга, несредена плажа, патишта од кои може да се очекува да им се искрши колата и да не набројувам уште, затоа што ќе треба да ја испразнам батеријава на лаптопот и пак да ја наполнам. Ова не е единствениот пример кога “ние“ го покажуваме нашиот лаком газ. Истото се случува и на празниците, кога граѓаните доживувааат нов ценовен шок, повисоки цени на доматите, младиот компир, краставиците, јајцата.

Ова не е проблем со Охриѓани или Скопјани, туку генерално со секој Македонец. Ние едноставно не знаеме да прифаќаме критики и да учиме од нив, а знаеме често да даваме. За нас секоја критика е навреда и најчесто после секое несогласување со нечиј став следи она – “а таму во Бугарија да не е поарно“ или “другар ако не ти се допаѓа ете ти ја Грција или Бугарија“ и слични примери во зависност од ситуацијата.

Останува да видиме ако сума за спиење во Скопје ќе чини 500 евра, колку скап ќе биде такси превозот, пивото и вечерата за еден фан на Реал Мадрид во главниот град на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави