Шеснаесетгодишно момче од неготинското село Војшанци управувајќи мопед „херк“ загина во сообраќајна незгода што се случи на земјениот пат во селото.
Тој вчера во 19:50 часот паднал на патот, при што се здобил со тешки телесни повреди. Укажана му е лекарска помош во Итната медицинска помош во Неготино, по што е препратен во Општата болница во Кавадарци каде починал.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Неготино, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.