Незадоволните клиенти во банка знаат да изреагираат бурно и тоа е очекувано. Но, еден Русин тоа го направи на прилично необичен начин.
Настанот се случил во Москва, кога маж во придружба на две стриптизети упадна во филијална на „Сбербанка“, која е најголема во Русија, и на тој начин им покажа на вработените „како треба да се однесуваат со клиентуте“, односно да не бидат „ладни и непријателски настроени“.
https://www.youtube.com/watch?v=0oeGJQS10UE
Неговите „пријателки“ најпрофесионално ја сработија својата задача, додека вработените само стоеја стаписани. Се огласи и претставникот на банката, Олег Власов.
– Инцидентот се случи во една од нашите филијали во Москва. Ова хулиганство е пријавено в полиција, а според нашиот закон за заштита на приватноста, не смееме да даваме повеќе информации за клиентот, неговата работа и сметките, нагласи Власов.