2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Укинат притворот на Божиновски

Кривичниот суд во Скопје денеска го укина притворот за новинарот Зоран Божиновски, информираат во денешното соопштение од Судот.

– Постапувајќи по предлог на јавниот обвинител за укинување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., обвинет во предметот со КОК бр. 79/16, судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Божиновски беше во притвор речиси три години за случајот „Шпион“, а се товари дека ги сторил делата злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Тој беше уапсен во Нови Сад, Србија од српската полиција, по што им беше предаден на македонските власти.

„Македонија веќе не е на срамната листа каде има новинари во затвор“, пишува во реакцијата на ЗНМ на Твитер.

поврзани објави

Последни објави