-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Форум на слободоумни патриоти: Криењето на договорот со Бугарија од јавноста ја подрива кариерата на Димитров

Форумот на слободоумни патриоти преку писмено соопштение му се обрати на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„После зачестените активности на Никола Димитров, Министер за надворешни работи на Република Форумот на слободоумни патриоти сака јасно и гласно да му укаже две работи:

1. Министре, преку 130 држави не признаа под уставното име и тоа е верификувано во Организацијата на обединетите нации, време е мудро да се искористи тоа!

Ве повикуваме ова чувствително прашање да го тргнете од вашата агенда, поготово во услови кога во Солун и Атина се организираат некакви сомнителни состаноци од страна на наследниците на касапите на етничка Македонија, и на кои сомнителни и искомпромитирани ликови како Ивица Дачиќ даваат изјави со кои се компромитираат нашите позиции.

За нас несфатлива е вашата желба да се организира некаков си референдум во вакви околности, Македонскиот народ веќе еднаш се изјасни на референдум на 08 септември 1991 година.

2. Бидејќи во јавност давате изјави дека договорот за добрососедство со нашиот источен сосед Бугарија е усогласен, ве повикуваме јавно да го објавите и да овозможите дебата, општествена и академска, за истиот. Доколку не го направите тоа и не овозможите дебата, по ништо нема да се разликувате од вашите претходници од оние против кои ревносно се боревте.

Исто така сакаме да ви укажеме дека криењето на договорот од Македонската јавност ја подрива вашата скромна дипломатска кариера и се надеваме вашата искрена намера, се разбира ако се земат во предвид ставовите на вашиот татко“ се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

поврзани објави

Последни објави