„Во целата кампања која што ја водеше СДС се говореше и ветуваше едно, а сега се прави спротивното.
Со предложениот ребаланс на буџетот планираат дополнително зголемување на задолжувањето од цели 150 милиони евра до крајот на годинава.
СДС десет години ги манипулираше граѓаните и ја критикуваше предходната влада дека се претерува со задолжувањата, а сега за помалку од два месеци ја задолжија државата за 70-тина милионо евра, а во ребалансот на буџетот предвидуваат зголемување на задолжувањето на државата за 150 милиони евра.
СДС е на власт и ја има одговорноста да се грижи за државата и економијата, а не преку празни и бледи прес конференции да ја манипулира јавноста и да наоѓа секакви оправдувања за да не ги оствари дадените ветувањата пред македонските граѓани.
Граѓаните очекуваат СДС да почне да работи нешто наместо да ги покрива штетите од недомаќинскиот ребаланс со измислици и напади врз ВМРО-ДПМНЕ.
Конфузниот Тевдовски самиот себе се демантира и додека говори за презадолженост на државата, издава нови обврзници и дополнително ја задолжува. Од негова рака е потпишан, долг од речиси 4,5 милијарди денари кој преку аукции на државни хартии од вредност ги направи во последните четириесетина дена.
Граѓаните не треба да плаќаат за вработување на вандалите од таканаречената шарена револуција, ниту за роднините на партиските послушници на Заев.
Граѓаните очекуваат дополнителните 150 милиони евра долг да не завршат во партиски вработувања, набавки на октоподи, морски плодови и аранжирање на цвеќиња, туку да се исполнат ветувањата за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.