-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Црн ден за најбогатиот Јапонец: загуби 1,4 милијарда долари за еден ден

Најбогатиот човек на Јапонија, сопственик на компанијата „Fast Retailing“, која го поседува брендот „Uniqlo“, Тадаши Јанаи, во само еден ден загуби 1,4 милијарди долари, откако ациите на неговата компанија паднаа за 6,7%.

Јанаи кои има 67 години, се наоѓаше на 38. место најбогати луѓе во светот, но по загубите бележи пад од 6 места. Неговото богатство во моментот се проценува дека изнесува 17,7 милијарди долари.

И покрај загубата, Јанаи верува дека неговата компанија во иднина ќе има уште поголем напредок, па очекува да ги достигне главните конкуренти „H & M“ и „Inditex“, брендовите кои се под ланецот на „Zara“.

поврзани објави

Последни објави