14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев: Влегувањето на Богдан Илиевски во ИК на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека 27 април беше смислена организација

Поставувањето на Богдан Илиевски како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, според премиерот Зоран Заев, е доказ дека крвавиот четврток бил добро осмислена организација со цел одземање животи.

При посетата на Заев на воената вежба на Криволак, на новинарско прашање – Како го коментирате тоа што во Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ влезе предводникот на протестите што резултираа со крвавиот упад во Собранието?“, Заев рече:

Тоа само уште еднаш ја потврди тезата дека организацијата на крвавиот четврток, на 27 април, е навистина добро осмислена организација, со добра мотивација и со конечна цел, како што тогаш дефиниравме, одземање животи на пратеници од мнозинството. Драго ми е што тоа не се случи, но можам повторно да се вратам на таа теза што ја кажав: Нека биде поука за сите никогаш повеќе да не се повтори. А оној што нема срам од тоа што го направи, навистина нека биде на показ на јавноста за неговите активности“.

поврзани објави

Последни објави