6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ВИДЕО) Шилегов: Никаква опструкција од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи разрешувањето на Зврлевски

Пратеникот од редовите на СДСМ, Петре Шилегов денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена биле решени да ја кочат работата на Собранието, да ги блокираат реформите со надеж дека ќе го одложат соочувањето со правдата.

Со бесмислените паузи, нелогичните барања за одложување седници и реплицирањето помеѓу себе, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидуваат да го одложат разрешувањето на Марко Зврлевски, заштитникот на најголемиот криминал во изминатите 11 години. Во таа насока е и денешното асупрдно барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, точката за разрешување на Зврлевски да се одложи за по локалните избори, изјави Шилегов.

Според него, тврдењето дека разрешувањето на Јавниот обвинител е незаконско е лага и уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата во Собранието и да ги закочи реформите во судството.

– Процедурата за разрешување на Зврлевски е во целост законска и транспарентна, особено што Собранието е законодавна, а не извршна власт. Залудни се сите очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата на Собранието и да ги кочи реформите што добија поддршка од мнозинството граѓани, рече Шилегов.

Тој додаде дека никаква опструкција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи реформите во судството што почнуваат со разрешувањето на Зврлевски.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упорно и доследно ќе опстои на највисокиот интерес и на граѓаните и на државата, а тоа е Македонија конечно да стане правна држава со независен и професионален судски систем. Граѓаните на Македонија мора да добијат професионални институции, нови работни места и повисоки плати и ниту една опструкција на ВМРО-ДПМНЕ нема го спречи тоа, заврши Шилегов.

https://www.youtube.com/watch?v=HUqCzLk4r6o

поврзани објави

Последни објави