Двајца германски алпинисти починале од хипотермија во текот на искачувањето на врвот Мон Блан ди Такил во француските Алпи, соопшти француската жандармерија.
Двајцата алипинисти, на возраст од околу 40 години, тргнале кон планината во понеделникот наутро, но не успеале да стигнат до врвот на време и навлегле во бура со ветришта чија силина достигнувала 120 километри на час.
Нивните тела биле пронајдени денес, по што се спуштени од планината.