4.8 C
Skopje
сабота, октомври 25, 2025
spot_img

Средба на Спасовски со амбасадорот на Иран, Хосеин Карими

spot_img

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Исламска Република Иран, Хосеин Карими.

Амбасадорот Карими му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа. Тој му честита на министерот Спасовски за добро завршената работа на македонската полиција при организацијата на натпреварот од Супер купот на УЕФА. Амбасадорот Карими ја потенцираше подготвеноста на Исламската Република Иран за зголемување на соработката меѓу двете земји.

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и потенцира дека добро завршената работа и покажаната професионалност при организацијата на Супер купот е еден од сегментите кои ќе помогнат македонската полиција да ја врати довербата кај граѓаните, која беше изгубена во претходниот период. Тој искажа подготвеност за зголемување на соработката со Исламската Република Иран, пред се во надминување на проблемите со мигрантите, како и проблемите со тероризмот и исламскиот радикализам.

поврзани објави

         

Последни објави