6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Таравари: Секој ден сум на работа, Не сум бил на одмор, а ВМРО-ДПМНЕ нека ја пријави со име и презиме починатата пациентка за да се преземат мерки

Министерот за здравство Арбен Таравари преку неговиот Фејсбук профил се огласи во врска со прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која што се повикуваше на одговорност за почитано девојче од слепо црево.

„Здраво ВМРО,

Тука сум, во Гостивар и во Скопје, секој ден на работа, ниту еден единствен ден не сум бил на одмор, само за ваша информација.

Како второ, кажете која е пациентката што починала од труење на крвта, има ли име и презиме, ако има треба да се пријави во надлежните институции за да се превземаат мерки! Меѓутоа и вие знаете дека нема таков случај.

Како трето, вие немате кредибиитет и релевантност да зборите за етика и морал, ве слушавме цела година се што сте местеле, апселе и краделе….место да измислувате приказни за деца, почнете да се реформирате и да ги исчистите своите реедови од криминалци и лопови, бидејќи знам дека и меѓу вас има чесни и добри луѓе, кои треба да ја водат конструктивната опозиција.
И сосема на крај, ја чекам интерпелацијата, време е.

Искрено,
Арбен Таравари“ напиша министерот на неговиот Фејсбук профил.

поврзани објави

Последни објави