Делегацијата во состав Ленче Николовска, советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот Зоран Заев, Драган Јованов советник за екологија и Ивана Јордановска соработничка во одделението за меѓународни односи при секторот за комуникации, заедно со делегациите од кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов, делегација од Министерството за одбрана и делегацијата од Генералштабот на АРМ, положија венци со свежо цвеќе па партизанските гробишта како и пред вечните домови на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и на гробот на Генерал Михајло Апостолски.