Почеток на градежни работи за реконструкција на улица “Светозар Марковиќ” во централното градско подрачје во Делчево.
Откако се надминаа сите предизвици во врска со регулирање на подземните инсталации и јавна инфраструктира (изградба на нова атмосферска канализација, реконструкција и доградба на фекалната канализација, изградба на нов крак на водоводна линија) во изминатиот период и подготовките направени од страна на фирмата-изведувач конечно започнаа изведбените работи на терен.
Улицата “Светозар Марковиќ” е една од најважните сообраќајници во Делчево која беше утврдена како најприоритетна улица за реконструкција во изминатиот период која е од особено значење за економската перспектива на градот во иднина.
Апелираме на разбирање и трпение од страна на сите граѓани кои гравитираат кон овој дел од градот, во врска со почитување на утврдениот времен режим на сообраќај на самата улица, се со цел на нејзино ефикасно реконструирање и избегнување на несакани последици, стои во соопштението на општина Делчево.
Нашиот портал претходно добиваше пораки од читатели за катастрофалната состојба на улицата, чија реконструкција веќе сега е во тек.