Кина никогаш не би дозволила војна или хаос на својот праг, истакна денеска портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Рен Гучианг, говорејќи за тензиите на Корејскиот Полуостров.
Истовремено, од кинеското Министерство за надворешни работи соопштија дека „ситуацијата на Корејскиот Полуостров е сериозна работа, а не компјутерска игра“.
Портпаролката на Министерството, Хуа Чунјинг, коментирајќи ги евентуалните нови санкции кон Пјонгјанг, додаде дека „за жал, само дел од земјите ги примениле санкциите, необѕирајќи се на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, којашто повикува на дијалог”.
Северна Кореја во меѓувреме потврди дека завчера лансирала ракета која ја прелета Јапонија и падна во водите во Тихиот Океан.