7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Рокерите „The Backdoor Band“ со промоција на новиот видео запис за последниот сингл – „Too Many People“

Охридските рокери The Backdoor Band го промовираа новиот видеозапис за нивниот последен сингл насловен како Too Many People. Овој сингл е резултат на нивната заедничка соработка со вокалистот на познатиот дански рок состав Blended Brew, Jimmy Linder Mansson, кој воедно се потпишува и како микс и мастеринг за истиот сингл.

Видеозаписот е сниман на локација во Охрид. Од бендот изразуваат огромна благодарност до сите кои го помогнаа реализирањето на овој видеозапис, посебно до Пеце Настески кој го изработи видеото за нивниот најнов сингл. Од бендот најавуваат и промоција на уште неколку видеозаписи во периодот кој следува.

поврзани објави

Последни објави