5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ограбиле бензинска на автопатот Велес- Скопје, но бегството траело само 17 километри

Денес, во раните утрински часови, поточно во 4.30 часот на автопат Велес-Скопје кај с. Ржаничино, на бензинска пумпа од страна на две вооружени лица било извршено разбојништво над вработената при што и одзеле засега неутврдена сума на пари, по што го напуштиле местото на настанот.

Сепак разбојниците немале премногу среќа, бидејќи по брзата реакција на полициски службеници по превземени мерки ги престигнале кај надвозникот кај с.Јурумлери што е само 17 километри одалечено од бензинската пумпа.  Било сопрено возило во кое се превезувале три лица, меѓу кои биле и двете кои одговарале на описот што бил даден од страна на оштетената.

Лицата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ биле лишени од слобода во ПС Гази Баба за понатамошна постапка.

поврзани објави

Последни објави