Избувна во старата охридска касарна „Михајло Апостолоски“, а поради силниот ветер, огнот се шири со голема брзина, па жителите од околните куќи започнаа да се евакуираат.
„Страшно е. Огнот се шири многу брзо. Ветерот е силен и уште повеќе ја засилува огнената стихија. Луѓето ги вадат од куќите до кои што се доближи пожарот. Тие од немоќ и страв плачат. Се чудат што ги снајде”, изјави сведок кој учествува во гаснењето на пожарот, за порталот „СакамДаКажам“.
Засега се ангажирани сите возила и опрема на охридската противпожарна екипа, а подари силниот ветер, борбата со огнената стихија е тешка.








