12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

НОВ ЖЕСТОК УДАР ЗА ДИЕГО КОСТА

 

На напаѓачот на Челси Диего Коста во последните неколку месеци не му цветаат ружи.

На крајот на минатата сезона 28. годишниот фудбалер е отпишан од страна на менаџерот на Челси Антонио Конте, но на Бразилецот не му се исполни желбата да потпише за Атлетико Мадрид, бидејќи на клубот му е забрането да прави трансфери се до јануари наредната година.

Фактот дека веќе долго време не игра може да биде главен виновник за губење на местото во репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство наредната година.

Селекторот на Црвената фурија јасно порача дека местото на Коста во националниот тим е загрозено.

“Имаше комплицирано, чудно и невообичаено лето. Се надевам дека неговиот статус ќе се реши што побргу и дека ќе се врати на своите тренинзи и редовно играње како професионален фудбалер. Тоа е од интерес и за репрезентацијата, а не само негов. Ако не си го реши статусот, дефинитивно нема да игра за репрезентацијата“, рече шпанскиот селектор.

Последниот натпревар Коста го одигра на 27. мај во кој Челси беше поразен од Арсенал во финалето на ФА Купот.

поврзани објави

     

Последни објави