13.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Ердоган ќе ја посети Србија на 10 октомври

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе оствари официјална посета на Белград на 10 октомври, соопштија од канцеларијата за соработка со медиумите на српскиот претседател Александар Вучиќ.

За време на посетатата, Ердоган највил дека со Србија ќе потпише Договор за слободна трговија меѓу двете држави.

Датумот и деталите за посетата се договорени за време на средбата во Њујорк меѓу двајцата претседатели.

На средбата турскиот претседател констатирал дека односите меѓу Турција и Србија се важни за мирот и стабилноста на Балканот, како и европскиот пат на Србија. Разговарано е и за продлабочување на стопанската размена меѓу двете држави-која во 2016 год. изнесувала 800 милоиони долари, за зголемување на турските инвестиции во Србија, туризмот и заинтересираноста на Турција за аеродромот Краљево и изградба на автопатот Тутин-Нови Пазар-Сјеница и авто патот Белград-Сараево.

поврзани објави

Последни објави