20.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Лидс доби богатство во него: Погледнете како растеше вредноста на Алиоски од година во година, од 50.000 евра… (ФОТО)

Кариерата на македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски бележи континуиран развој, за тоа говори и рапидниот раст на неговата вредност на трансфер пазарот.

Од она што можеме да го забележиме на најрелевантниот извор на информации за вредноста на фудбалерите (трансфермаркет), вредноста на нашиот 25 годишен репрезентативец, Езгјан Алиоски забележа нов раст, и тоа за еден милион евра.

Како за потсетување, пред да премине во редовите на Лидс ова лето, неговата вредност на трансфер пазарот изнесуваше околу два милиони евра, тоа го потврдува и претходно наведениот извор.

Фото

Сепак, вреди да се издвои и фактот што во последните шест до седум години неговата вредност рапидно расте, во сезоната 2010/11 во периодот кога настапуваше за младиот состав на швајцарски Јанг Бојс за фудбалери до 21 година неговата вредност била 50.000 евра на возраст од 18 години.

Фото

Сликата е променета три години подоцна, па тој бележи вредност од 200.000 евра, а по ова следеше трансфер во Шафхаузен кој во тој период играше во втолигашкото друштво на таа земја, три години подоцна, се пресели во елитата на таа земја и потпиша за Лугано откако мина и период како позајмен фудбалер во таа екипа.

Transfer History

Во Шафхаузен неговата вредност изнесуваше половина милион евра, а едногодишниот престој во Лугано му донесе цена од скоро два милиони евра, по што следеше трансферот во Чемпионшиплигата, за славниот англиски клуб од „Еланд Роуд“.

Нема сомневање во тоа дека Лидс доби „богатство“ во македонскиот репрезентативец кој во Англија пристигна за сума од 2.5 милион евра, а во седумте настапи во Чемпионшиплигата засега постигна еден погодок, и истиот беше прогласен за гол на месецот.

Извор: transfermarkt.com

Фото-вест: yorkshirepost.co.uk (Архива)

поврзани објави

Последни објави