Англиската обложувалница, Вилијам Хил понудила коефициент за Тони Ди Чико да биде нов селектор на англиската женска репрезентација, легендарниот тренер починал во јуни оваа година.
Вилијам Хил се извини откако го стави починатиот Тони Ди Чико во листата на можни наследници на Марк Сампсон на позицијата селектор на англиската женска репрезентација.
Сампсон на почетокот од оваа недела доби отказ како селектор на женската англиска фудбалска репрезентација поради непрофесионално и неприфатливо однесување.
Вилијам Хил излезе со коефициенти за негови можни наследници, на листата се најде и Тони Ди Чико кој почина во јуни.
Тони Ди Чико ја предводеше американската женска фудбалска репрезентација до златото на Светското првенство во 1999 година. Пет години беше селектор на САД и важи за селекторот кој и донел најмногу победи на оваа селекција.
„Вметнувањето на Тони Ди Чико во нашата понуда за следен англиски селектор е голема грешка за која жалиме и со цело срце се извинуваме. Таа е резултат на некој кој користел стара понуда како референтна точка за да направи нова“ – вели портпаролот на Вилијам Хил.
Ваквата сторија доаѓа на помалку од една недела кога обложувалницата Педи Паур направи слична грешка кога го стави Уго Ехиогу како можен тренер на Бирмингем. Тој почина во април.